Ако ви е потребно брзо решение или онаа последна “финеса” пред да одите на одмор и сакате да се ослободите од вишокот на некој килограм, немојте да бидете изненадени ако тоа е и тоа како ВОЗМОЖНО!
Можеби имате пробано различни видови диети и прегладувања во скоро време (да, сите сме го пробале тоа), но за жал тоа не функционира на краток рок и најлошо од се – може да има КОНТРА ЕФЕКТ!

Што ако сме постапувале грешно сите овие години?
Секогаш кога ќе посакаме да изгубиме тежина ние ги пребројуваме калориите и пробуваме да јадеме што помалку бидејќи мислиме дека е клучно губењето на масти, но всушност за брзото намалување на килограми клучно е да се намали количеството на вода кое го содржи нашето тело.
Често, не сме свесни дека вишокот вода во нашето тело не прави да изгледаме подебели од тоа што сме, и всушност, е многу лесно да се ослободиме од некој килограм вишок вода за краток временски период. Еве како може да го направите тоа:
Пијте повеќе вода
Можеби ви звучи контрадикторно, но нашиот лимфен систем се запушува доколку не пиеме доволно вода, а со отечена лимфа нашето тело нашето тело ќе постане отечено и надуено. Единствениот начин да го спречиме тоа е со пиење на повеќе вода. Пијте најмалку 2 литри дневно вода. Водата помага за елимирање на токсините од вашето тело, така што ние често ја заменуваме жед-та со глад, така што бидете сигурни дека пиете доволно вода помеѓу вашите оброци.
Спијте 8 часа
Дали сте знаеле дека недостатокот на спиење влијае на вашите резултати за губење на тежина? Кога не сме доволно наспани, копнееме по високо калорична храна, исто така најчесто се јаде касно навечер, што пак допринесува да не може да заспиеме… и така се вртиме во еден непосакуван круг… Спиењето поради тоа е екстремно важно за убавина и за здравје. Тоа исто така помага телото да се регенерира и да топи калории навечер. Така да легнувајте си порано и обезбедете си 8 часа спиење!
Обидете се со техниката на повремен пост “fasting”
Предходно споменавме дека гладувањето е надвор од дискусија, бидејќи порано или подоцна ќе морате нешто повторно да јадете и килограмите повторно ќе си дојдат, или пак ќе се дуплираат. Така да, доколку сакате успех, пробајте ја техниката на повремен пост – “fasting”, која гарантира сигурни резултати на долг рок.
Ние исто така почнавме да ја применуваме и сме вчудоневидени од резултатите. Најважното од се е, тоа што не морате да се откажувате од вашата омилена храна, туку треба да постите, односно да не внесувате храна по 12 часа секој ден – на пример, доколку имате доручек во 8 часот наутро, вашиот последен оброк мора да биде до 8 часот навечер. На овој начин ќе му овозможите на вашето тело да одмори од храната и да има време да ја дигестира (свари) целосно, a метаболизмот ќе биде постојано активен.
На почеток почнете со 12 часа пост, па потоа продолжете го на 14 часа, и доколку можете да издржите, после некое време и до 16 часа, со што ефектот ќе биде незаменлив. Не само што ќе изгубите поголем број на килограми, туку и ќе се осеќате значително подобро.
Намалете ја отеченоста и надуеност
Како што кажвме на почетокот, кога сме отечени или подуени, тоа значи дека задржуваме вишок вода во нашето тело, а најверојатно таа вода е и причината за тие неколку вишок килограми од кои сакаме да се ослободиме.
Како да ја елиминираме во најкраток можен временски период? Со нашиот “Draining Drink” кој ги содржи најдобрите природни состојки за дренажа (отстранување/исцедување на водата).
Draining Drink овозможува намалување на телесната тежина, топење на целулитот како и исфрлање на вишокот вода од вашето тело. Напитокот всушност го ресетира лимфниот систем, со што се забрзува процесот на отстранување на вишокот вода и на токсините од телото, дури и олеснувајќи ја работата на црниот дроб и дигестијата.
Растворете го вашиот Draining Drink во еден 1 литар вода секое утро и со тоа ќе:
- ги изгубите првите килограми уште во првите денови
- го стимулирате исфрлањето на вишокот вода и токсини за 25-30 %
- намалите отекувањето и подуеноста за 60% во првата недела
- отстраните приметлив дел од вашата тежина после 10 дена
- ослободите од целулитот