7 супер забавни вежби за перфектно обликуван задник

Сакате да имате убаво обликуван задник, а сеуште не сте сигурни кои вежби се најдобри за тоа?

Пуштете си некоја пријатна музика и следете ги нашите супер вежби за обликување задник и за многу кратко време ќе имате неверојатни резултати.

Сите веќе сме слушнале за squats! Но, за жал, традиционалниот начин на изведба нема да биде доволно за идеално обликуван задник, како оние кои ги гледаме на инстаграм! Овие девојки дефинитивно работат многу напорно за да ја достигнат таа перфекција!

Но, не се грижете, не е тајна, и вие може да имате таков, но само со изведба на правите вежби. Можеби ќе ви биде малку тешко на почеток, бидејќи вашето тело не е навикнато на ваков тип на вежби, но ако ги практикувате правилно (што значи најмалку 2 пати неделно, барем за почеток, а потоа и повеќе) ќе забележите одлични резултати пред да го очекувате тоа).  BRING THAT BOOTY ON!

За да ви го олесниме патот, направивме кратко истражување, и ги припремивме најдобрите вежби, фокусирани на идеален задник.

1. Подигнување на колковите

Легнете на грб со свиткани колена и со стапалата на под. Внимавајте на дишењето. Како што издишувате, стиснете ги бутовите и кренете ги колковите колку што можете повисоко. Кога ќе бидете доле, вдишете. Полека спуштете се накај подот со бутовите (но не го допирајте). Вежбата треба да ја правите во 4 серии по 30 секунди. Помеѓу секоја серија направете пауза од 10 до 15 секунди.

2. Качување на клупа

Најдете клупа со средна висина, (на пример стол е многу висок, обидете се да најдете нешто пониско). Застанете на клупата со едното стапало и подбутнете се со другото стапало и истото подигнете го позади вас највисоко што можете. Направете го тоа 10 пати за двете нозе и повторете го 4 пати. Помеѓу секоја серија може да се направи кратка пауза од 10 секунди.

3. Подигнување на колкот со една нога

Лежете на грб со свиткани колена и со стапалата на подот. Испружете ја едната нога. Внимавајте на дишењето. Како што издишувате, стиснете го задникот (бутовите) и подигнете ги колковите колку што можете повисоко. Кога ќе се спуштате надолу, вдишете. Спуштете се надоле со задникот (но не смеете да го допирате подот). Оваа вежба ја правите 30 секунди со една нога, па потоа ја заменувате и уште 30 секунди со другата нога. Истото го повторувате 4 пати. Направете кратка пауза од 10 секунди помеѓу секоја серија.  

4. Клекнување со подигнување на прсти

Следната вежба е “squats” на напредно ниво. Не е комплицирана, но има огромен ефект! Всушност, правите регуларни “squats”, но кога сте во клекната позиција, се подкревате на прсти. Направете 4 серии по 10 повторувања. Направете кратка пауза од 10 секунди помеѓу секоја серија.

5. Kick Back

Поставете се со сите 4 на земја и со разделени колена, а зглобовите на рацете треба да бидат раздалечени малку повеќе од рамењата. Ги свиткувате колената под агол од 90 степени, и кревајте ја едната нога позади вас, колку што можете повисоко, додека колковите ги држите рамни. Ја правите оваа вежба 30 секунди со едната нога, потоа ја заменувате со другата нога уште 30 секунди, и ова го повторувате во 4 серии. Направете кратка пауза од 10 секунди помеѓу секоја серија.

6. Станично движење во клекната позиција

Се позиционирате во подклекната позиција и се движите странично, 15 чекори на една страна, потоа 15 чекори на другата страна. Ова треба да го повторите во 4 серии. Направете кратка пауза од 10 секунди помеѓу секоја серија.

7. Странична абдукција

Се поставувате странично на една рака и една нога. Превиткајте ги колената под агол од 90 степени и кревајте ги едната нога и колк колку што можете повисоко. Правете ја оваа вежба 30 секунди, па потоа свртете се на другата страна и кревајте ги друата нога и колк уште 30 секунди. Повторете ја оваа вежба во 4 серии со кратки паузи помеѓу секоја од нив.

Пробајте го Booty Tone за побрзо и поидеално оформување на вашиот задник!

Booty Tone капсулите ги репрограмираат масните клетки и го спречуваат нивното акомулирање. Делуваат за активирање на хормонот на слабеење кој поттикнува топење на мастите во пределот на стомакот како и во зацврстување и оформување на вашиот задник многу побрзо и полесно!