Придобивки од Наизменично Постење (Intermittent Fasting)

Наизменичното постење станува сè попопуларно во последните години.

 

За разлика од повеќето диети кои ви кажуваат што да јадете, наизменичното постење не е диета туку начин на исхрана кој се фокусира на тоа кога да јадете со вклучување на редовни краткотрајни постови во вашата рутина. 

Овој начин на исхрана може да ви помогне да консумирате помалку калории, да изгубите тежина и да го намалите ризикот од дијабетес и срцеви заболувања.

 

Најчестите методи вклучуваат пост во наизменични денови, дневни 16, 18 и 20-часовни или 24 часа два дена во неделата.  За разлика од повеќето диети, наизменичното постење не вклучува следење на калории или макронутриенти. Всушност, нема барања за тоа каква храна да јадете или избегнувате, што значи дека е начин на живот. Сепак, битно е да се храните здраво за максимални резултати како и за подобрување на општото здравје.

 

1. Губење На Тежина


Наизменичното постење може да биде едноставен и ефикасен начин за слабеење кога се постапува правилно, бидејќи редовните краткотрајни постови можат да ви помогнат да консумирате помалку калории и да изгубите килограми.

 

Голем број студии сугерираат дека наизменичното постење е исто толку ефикасно како и традиционалните диети со ограничени калории за краткорочно губење на тежината.

 

На краток рок, наизменичното постење помага во губење на тежината. Сепак, износот што ќе го изгубите најверојатно ќе зависи од бројот на калории што ги консумирате и колку долго се придржувате до овој начин на живот.

2. Може да ви помогне да јадете помалку


Започнување со наизменичниот пост може природно да ви помогне да јадете помалку.

 

Една студија покажа дека младите внесуваат 650 калории помалку дневно кога нивниот внес на храна е ограничен на четиричасовен прозорец (20-4 шема).

 

Со тоа што ќе ве натера да јадете помалку оброци, наизменичното постење може да доведе до автоматско намалување на внесот на калории.

Потиснете го прекумерниот апетит со Slim Tummy Caps!

Ставете го вашиот апетит под контрола и кажете збогум на оние неодоливи вечерни желби за храна! Комбинрајте ги капсулите со некои од напитоците за уште подобри резултати!

3. Може да биде корисен за здравјето на срцето


Срцевите заболувања во моментов се најголемиот убиец во светот.

 

Познато е дека различни здравствени маркери (т.н. „ризични фактори“) се поврзани или со зголемен или намален ризик од срцеви заболувања.

 

Се покажа дека наизменичното постење подобрува бројни различни фактори на ризик, вклучувајќи:

 

  • нивото на шеќер во крвта
  • крвен притисок
  • триглицериди во крвта
  • вкупен и ЛДЛ (лош) холестерол
  • воспалителни маркери

4. Има придобивки за вашиот мозок


Она што е добро за телото често е добро и за мозокот.

 

Наизменичниот пост ги подобрува различните метаболички карактеристики за кои се знае дека се важни за здравјето на мозокот.

 

Наизменичниот пост помага да се намали:

 

  • оксидативен стрес
  • воспаление
  • нивото на шеќер во крвта
  • отпорност на инсулин

Неколку студии на глувци и стаорци покажаа дека наизменичното постење може да го зголеми растот на нови нервни клетки, што треба да има придобивки за функцијата на мозокот.

 

Студиите на животни, исто така, покажаа дека наизменичното постење штити од оштетување на мозокот од мозочни удари.

5. Го прави вашиот здрав начин на живот поедноставен


Здравата исхрана е едноставна, но може да биде неверојатно тешко да се одржува.

 

Една од главните пречки е целата работа потребна за планирање и готвење здрави оброци.

 

Наизменичното постење може да ги олесни работите, бидејќи не треба да планирате, готвите или чистите после толку многу оброци како порано.

 

Поради оваа причина, наизменичното постење е многу популарно меѓу кај лица со зафатен животен стил, бидејќи го подобрува вашето здравје, а во исто време го поедноставува вашиот живот.

Најпопуларни програми за периодично постење

 
  • 12-часовен пост – Овој тип на назименичен пост може да биде одлична опција за почетници. Тоа е затоа што прозорецот за постот е релативно мал, голем дел од постот се случува за време на спиењето, а лицето може да консумира ист број калории секој ден. 
  •  16:8 пост – Постот 16 часа на ден со прозорец за јадење од 8 часа се нарекува метод 16:8 или диета на Леангаинс, убедливо најпопуларната шема за наизменично постење.. За време на диетата 16:8, најчесто мажите постат по 16 часа секој ден, а жените постат 14 часа (можат и 16 доколку им одговара). Овој тип на наизменичен пост може да биде корисен за некој кој веќе го пробал 12-часовниот пост, но не видел никакви придобивки. На овој пост, луѓето најчесто ја завршуваат вечерата до 20 часот.
  •  18:6 пост – Постот трае 18 часа, со 6 часа прозорец за јадење. Оваа шема е понапредна од претходните, но и многу популарна кај лица кои веќе имаат искуство со наизменичнио постење.
Постојат и понапредни програми како 20:4, 24 часовен пост два пати во неделата и пост ограничени на еден оброк дненвно, меѓутоа за многумина истите се неиздржливи и дури можат да бидат штетни бидејќи е потешко да внесте доволно храна, витамини и минерали во толку краток временски период. Понапредните програми се препорачуваат за здрави лица кои веќе имаат искуство со наизменичото постење.  
Заклучок и битни информации
 
Наизменичното постење е многу популарен метод за слабеење, но неговите придобивки се повеќе од тоа. Може да ви помогне да живеете и подолг и целосно поздрав живот, според студиите кои вклучуваат животни и луѓе.

Но, битно е да се напомене дека наизменичното постење не е за секого и не делува исто кај сите.

– Кај почетниците гладот е главниот несакан ефект кој најчесто доведува до нервоза, замор и отежнета концентрација. Ова најчесто е привремено, бидејќи му треба некое време на вашето тело да се прилагоди на новиот распоред на оброци и да почне да ги користи сопствените масни наслаги за енергија.

 

– Ако имате проблеми со плодноста и/или се обидувате да забремените, размислете засега да се откажете од наизменичниот пост. Оваа шема на исхрана веројатно е исто така лоша идеја ако сте бремени или доите.

– Доколку користите лекарства, имате здраствени проблеми или историја на нарушувања во исхраната препорачуваме консултација со лекар пред започнување со наизменичното постење.

Максимизирајте ги резултатите од Intermittent Fasting (наизменично постење)!

Овој супер пакет ќе ви помогне да се справите со постот на поефикасен начин: контролирајте го гладот, согорувајте маснотии како професионалец и го зголемите нивото на енергија!