НАЈВАЖНИТЕ 10 ПРИДОБИВКИ ОД РЕДОВНО ВЕЖБАЊЕ

Под вежбање се подразбира секое движење со кое мускулите работат и со кое се горат калории. Тоа може да биде фитнес, аеробик, пилатес, кик фит, трчање, планинарење и уште многу други. Студиите покажале дека, да се биде физички активен има огромни бенефити, како физички, така и психички, па дури и помага да се живее подолго. Подоле издвоивме 10 најважни од нив:

1. Може да ве направи посреќни

Вежбањето се покажа дека може да го подобри вашето расположение и да ги намали чувствата на депресија, анксиозност и стрес.

Тоа предизвикува промени во деловите на мозокот кои го регулираат стресот и анксиозноста. Исто така може да ја зголеми осетливоста на мозокот за хормоните серотонин и норепинефрин, кои ги олеснуваат чувствата на депресија. Во студија која опфаќа 24 жени кај кои била дијагностицирана депресија, се покажало дека вежбањето со било каков интензитет, значително ја намалило депресијата.

Дополнтелно, вежебањето може да го зголеми и ендорфинот, познат по тоа што помага за производство на позитивни чувства и ја намалува перцепцијата за болка.

Исто така, вежбањето се покажа дека ги намалува симптомите кај луѓето кои патат од анксиозност. Тоа исто така помага тие да бидат посвесни за нивната психичка состојба, како и да си ги побијат стравовите. Друга студија пак, која интервјуирала 26 жени кои вежбале редовно, да продолжат да вежбаат или пак да прекинат со вежбањето. Тие кои прекинале со физичката активност, дефнитивно искусиле зголемувње на негативното расположение.

2. Може да помогне за намалување на телесната тежина

Општо е познато дека физичката неакивност е главен фактор за зголемување на тежината и прекумерната дебелина.

За подобро да се разбере ефектот од вежбањето врз намалувањето на тежината, важно е да се разбере врската помеѓу вежбањето и трошењето на енергија. Телото троши енергија на 3 начини: варење на храната, вежбање и одржување на телесните функции како срцебиењето и дишењето.

Додека сте на диета, намалениот внес на калории ќе го успори метаболизмот, што па ќе го одложи намалувањето на тежината. Спротивно на тоа, редовното вежбање се покажа дека го забрзува метаболизмот, што ќе согори повеќе калории и ќе ви помогне за намалување на телесната тежина.

Дополнително, повеќе студии покажуваат дека комбинирањето на аеробни вежби со тренинг со отпор го максимизираат губењето на тежината и одржувањето на мускулите, што е есенцијално за да не се зголеми телесната тежина.

3. Добро е за мускулите и коските

Вежбањето игра витална улога во градењето и одржувањето на силни коски и мускули.

Физичката активност како кревање тежини може да го стимулира оформувањето на мускулите кога е искомбинирано адекватен внес на протеин. Ова е така бидејќи вежбањето помага во ослободувањето на хормони кои ја поддржуваат способноста мускулите да апсорбираат аминокиселини. Ова им помага да растат и да го намалат нивното оштетување.

Како што стареат луѓето, тие тежнеат кон губење на мускулната маса и функција, што пак води кон повреди. Практикувањето редовна физичка активност е есенцијално за успорување на губењето на мускулна маса и одржување на силата и покрај стареењето.

Исто така, вежбањето помага за градење на густина на коските додека сте помлади, што помага да се превенира остепорозата подоцна во животот.

4. Може да го зголеми нивото на енергија

Вежбањето може да биде вистински извор на енергија како кај здравите луѓе, така и кај оние кои патат од различни медицински заболувања.

Една студија докажа дека 6 неделно вежбање го намалило чувството на замор кај 36 здрави луѓе кои пријавиле постојано чувство на замор. Исто така, вежбањето може значително да го зголеми нивото на енергија кај луѓето кои патат од хроничен синдром на замор како и други сериозни болести.

Дополнително, вежбањето се покажа дека го зголемува нивото на енергија кај луѓето кои страдаат од тешки болести, како рак, сида и мултипекс склероза.

5. Може да го намали ризикот од хронични заболувања

Недостатокот од редовна физичка активност е примарна причина за хронични заболувања.

Редовното вежбање се покажа дека ја зголемува осетливоста на инсулин, кардиоваскуларниот фитнес и композицијата на телото, а го намалува крвниит притисок и нивото на масти во крвта. Напротив пак, недостаток од физички вежби, дури и краткорочно, може да води до значително зголемување на мастите во стомакот, што пак го зголемува ризикот од 2 вида на дијабетес, заболување на срцето како и рана смрт.

Поради тоа, дневната физичка активност е препорачана да ги намали мастите на стомакот и да ја намали веројатноста за развивање на овие заболувања.

6. Може да помогне за здравјето на кожата

Вашата кожа може да биде нападната од количина на оксидативен стрес во вашето тело.

Оксидативниот стрес се јавува кога антиоксидативната одбрана на телото не може целосно да ја поправи штетата што слободните радикали ја предизвикуваат во клетките. Ова може да ги оштети нивните внатрешни структури и да ја влоши вашата кожа.

И покрај тоа што интензивната и исцрпна физичка активност може да придонесе за оксидативно оштетување, редовното умерено вежбање може да го зголеми производството на природни антиоксиданси во вашето тело, кои помагаат во заштитата на клетките.

На ист начин, вежбањето може да го стимулира протокот на крв и да предизвика адаптација на клетките на кожата што може да помогне во одложување на појавата на стареење на кожата.

7. Може да помогне за здравјето на мозокот и меморијата

Вежбањето може да ја подобри функцијата на мозокот и да ја заштити меморијата и вештините.

За почеток, го зголемува срцебиењето, што пак го поттикнува протокот на крв и кислород до вашиот мозок. Исто така, го стимулира производството на хормони кои ја подобруваат големината на мозочните клетки.

Редовната физичка активност е особено важна кај повозрасни лица, бидејќи стареењето – во комбинација со оксидативен стрес и воспаление – промовира промени во структурата и функцијата на мозокот.

Се покажа дека вежбањето предизвикува хипокампусот, дел од мозокот што е од витално значење за меморијата и учењето, да расте во големина. Ова служи за зголемување на менталната функција кај постарите возрасни лица.

За крај, вежбањето исто така ги намалува промените во мозокот кои предизвикуваат Алзхаимерова болест и шизофренија.

8. Може да помогне за релаксација и квалитет на спиењето

Редовното вежбање може да помогне за релаксирање и подобар сон.

Во однос на квалитетот на спиењето, недостатокот на енергија кој се случува за време на вежбањето стимулира закрепнувачки процеси за време на спиењето.

Повеќе студии поврзани со ефектот од вежбањето врз спиењето го докажале истото. Една од нив докажа дека 150 минути умерена до интензивна физичка активност неделно може да доведе до 65% подобар сон. Друга пак покажа дека 16 неделна физичка активност го зголеми квалитетот на спиењето и им помогна на 17 лица со несоница да спијат подолго и подлабоко од контролната група. Исто така им помогна да се чувствуваат поенергично во текот на денот.

Можете да бидете флексибилни со видот на вежба што ќе изберете. Се чини дека или само аеробни вежби или аеробни вежби во комбинација со вежби за отпор подеднакво можат да помогнат во квалитетот на спиењето.

9. Може да ја намали болката

Хроничните болки можат да бидат исрпувачки, но вежбањето може да помогне да се намалат.

Факт е дека, многу години наназад, препорака за справување со хронични болки беше одмор и физичка неактивност. Но, како и да е, неодамнешни студии покажаа дека сепак вежбањето помага за ослободување од хронични болки. Покрај тоа што помага за намалување на болките, помага и за подобрување на квалитетот на живот.

Дополнително, физичката активност може исто така да ја зголеми толерантноста на болка и да ја намали перцепцијата за болка.

10. Може да допринесе до подобар сексуален живот

Вежбањето е докажано дека го подобрува сексуалниот нагон.

 Редовното вежбање може да го зајакне кардиоваскуларниот систем, да ја подобри крвната циркулација, да ги оформи мускулите и да ја зголеми флексибилноста, со кои би се подобрил и сексуалниот живот. Физичката активност може да ги подобри сексуалните перформанси и сексуалното задоволство, како и да ја зголеми фреквенцијата на сексуалната активност.

Група жени во 40-тите години забележале дека доживуваат оргазми почесто кога вметнуваат понапорни вежби, како што се спринтови, логори и тренинг со тегови, во нивниот начин на живот. Исто така, меѓу група од 178 здрави мажи, мажите кои пријавиле повеќе часови за вежбање неделно имале подобри резултати за сексуална функција.

Едно истражување открило дека едноставната рутина на шестминутно шетање низ куќата им помага на 41 маж да ги намалат симптомите на еректилна дисфункција за 71%.

Уште повеќе, една студија покажа дека жените кои страдаат од синдром на полицистични јајници, што може да го намали сексуалниот нагон, го зголемиле својот сексуален нагон со редовен тренинг со отпор за 16 недели.

ПОДОБРЕТЕ ГИ РЕЗУЛТАТИТЕ СО ПРОИЗВОДИТЕ НА TummyTox!

Додадете ги следните производи во вашата рутина за уште поефективни и побрзи резултати!

Carni MAX Shots

TummyTox Carni MAX Shots, со освежителен вкус на лимон, содржи 1000 мг најефикасен извор на состојки за топење маснотии, стимулира создавањето природна енергија и дава најдобри резултати за вашите напори.

Повеќе енергија, подобра издржливост и обновување на мускулите!

Fat Burner Drink Intense

Fat Burner Drink ја зголемува вашата внатрешна температура и помага да се забрза согорувањето на мастите. Содржи најчиста форма на Л-карнитин, кој гарантира дека нашето тело користи маснотии за енергија наместо да ги чува како масни наслаги. На овој начин, ние трошиме повеќе калории побрзо, а исто така се чувствуваме поенергични!

Flat Tummy Caps

Капсули кои го забрзуваат топењењто, намалуваат чувството на глад и се грижат вашиот стомак да е повторно рамен.

Капсулите Flat Tummy Caps ќе се погрижат побрзо да стигнете до тенка линија без откажување!

Shape Me Shake

Превкусиот протеин од сурутка Shape Me Shake ќе ви помогне да ги зајакнете мускулите и подобрите напорите, но во исто време и да ги намалите мастите во телото. Едноставно е “Must-have” за секој кој вежба и има физички цели!

Без додаден шеќер, со висока содржина на хранливи влакна, брзи и бавно сварливи протеини и високо квалитетни состојки за слабеење, проверете дали за кратко време ќе ги постигнете посакуваните резултати.