30 минути интензивно пешачење е одличен старт

Пешачењето има бројни научно докажани позитивни ефекти како на нашата физичка, така и на нашата психолошка благосостојба. Тоа е најприродната форма на движење на човекот и е погодна за секого. Пешачењето помага за зајакнување на мускулите, согорува калории и се грижи за здравјето и виталноста на целиот наш телесен систем.

Мускулите трошат 3 пати повеќе енергија при одмор отколку масните ткива. Ова значи дека вие ќе потрошите повеќе енергија дуру и додека си лежите со телефонот во рака и разлистувате Инстаграм, но доколку предходно сте ги зајакнале мускулите со вежбање.

30 минути интензивно пешачење ќе:

  • Ги покачи серотонинот и допаминот – два хормони одговорни за да се чувствувате добро и среќно
  • Ги подобри вашите ментални способности и ќе ја зголеми моќта за креативно размислување
  • Го намали значително ризикот од заболувања како диабетес и кардиоваскуларни заболувања
  • Ја подобри циркулацијата и ќе го намали ризикот од проширени вени
  • Ја подобри дигестијата – со зајакнување на основните мускули исто така се зајакнуваат и мускулите од гастроинтестиналниот тракт
  • Ја зголеми вашата физичка спремност и ќе го покачите нивото на енергија, со што ќе се подобри вашиот начин на живот
  • Подобри метаболизмот и ќе го забрза горењето на масти

Како да започнете?

Како и со секој тип на вежбање, конзистентноста е клучна. Пешачењето е одлична алатка за да креирате навика за секојдневна физичка активност, како одличен почетник.

Зошто да пешачите?

Поради тоа што не е напорна физичка активност и е вродена кај луѓето, полесно е да се навикнете на неа. Немаме некое непријатно чувство кое најчесто го имаме кога се стекнуваме со некоја нова техника или навика. Тоа се тие чувства кои најчесто се причината зошто многу луѓе се откажуваат уште пред да почнат да го уживаат плодот на нивниот труд.

Не мораме да учиме нешто ново – едноставно се придржуваме на планот, конзистентно Како да бидеме конзистентни?

  • Пешачете секој ден во истото време од денот – на пример, пред појадок, после работа, или пак пред легнување.
  • Прилагодете го времето на пешачењето според вашиот распоред. Размислете кое време е најдобро за вас, со оглед на вашиот стил на живот, како и во однос на обврските кои ги имате.
  • Поставете си потсетник за да се придржувате кон направениот план.
  • Одете да вежбате, без оглед на се. Иако не сте во најдобро расположение, или пак уморни, одете без да размислувате. Ќе се чувствувате многу подобро после тоа. Така, ќе сфатите дека сте можеле да поминете преку тоа наместо да се предадете на мрзеливоста, и со тоа, ќе ви се покачи и самодовербата.

И ќе бидете спремни на поголеми предизвици!

Но, што правиме во однос на слабеењето? Дали е пешачењето доволно?

Доколку секој ден почнете да практикувате брзо одење и ја следите здравата диета со калориски дефицит (што значи, да согорувате повеќе калории отколку што внесувате), ќе изгубите телесна тежина и долгорочно ќе си ја подобрите вашата виталност. Но, во секој случај, ефектите од пешачењето може да бидат ДЕСЕТКРАТНО поголеми доколку, покрај пешачењето и здравата исхрана, користите Fat Burner Drink на Tummy Tox.