7 причини зошто спиењето е толку важно

Квалитетното спиење навечер е екстремно важно за вашето здравје и одржување на вашата фигура. Всушност, тоа е подеднакво важно како и здравата исхрана и вежбањето. Но, што се случува на телото доколку не спиеме доволно? Подоле во статијата ќе ви откриеме што точно.

1. Недостаток на спиење може да доведе до покачена телесна тежина

Дали сте знаеле дека луѓето кои не спијат доволно качуваат телесна тежина побрзо? Некои истражувања дури покажуваат дека недостатокот на спиење и неквалитетното спиење може да доведат до екстремна дебелина.

2. Доволен сон = помало конзумирање на калории

Научниците покажуваат дека оние кои не спијат доволно чувствуваат потреба за поголем внес на калории во текот на денот. Недостатокот на спиење исто така може да го наруши хормоналниот баланс на вашето тело, што исто така може да доведе до зголемен апетит.

Ова вклучува зголемено ниво на хомрмонот грелин, хормон за зголемување на апетитот, и намалено ниво на лептин, кој пак служи за потиснувач на апетитот.

Така да, ако не спиете доволно, тогаш најверојатно ќе јадете повеќе!

Една студија докажа дека кога една тест група на луѓе спиела само по 5-6 часа на ден, конзумирала дополнителни 556 калории следниот ден, во споредба со деновите кога тестираните спиеле по 8 часа.

Ова се случува бидејќи поминуваме повеќе време будни, тогаш телото троши повеќе енергија отколку кога е во сон, така што бара поголем внес на калории. Исто така колку повеќе време сте будни, толку повеќе време имате за внесување храха. Дополнително, уморното тело е повеќе желно за мрсна и нездрава храна.

3. Квалитетниот сон ја подобрува концентрацијата и продуктивноста

Спиењето е неопходно за нормално функционирање на мозокот, и влијае на меморијата, продуктивноста и способноста да се справиме со дневните задачи и предизвици.

4. Доволното спиење може да ни помогне да сме поактивни

Истражување кое опфатило 2800 жени, покажало дека малку часови сон може да доведат до послаба моторика, намален перформанс за фитнес, како и намалена желба за вежбање.

Докажаното е и доста логично – кога се чувствуваме уморни, имаме недостаток на мотивација за било каква активност. Дури и ако решиме да вежбаме, многу побрзо се уморуваме. Како резултат на тоа, повеќе време трошиме на одмарање, со што не му даваме доволна шанса на телото да согорува повеќе калории.

5. Малку спиење може да доведе и до депресија

Здравствените проблеми како депресија можат да бидат засилени од проблемите со спиењето. Дури 90 % од луѓето кои патат од депресија забележале дека имаат проблеми и со спиењето.

6. Спиењето е поврзано со имунолошкиот систем

Испитувањата докажуваат дека луѓето кои спијат помалку од 7 часа на ден се изложени дури 3 пати повеќе на настинки отколку оние кои спијат по 8 или повеќе часа на ден. Доколку настинете, помогнете му на вашето тело во борбата со настинката со многу спиење!

7. Спиењето влијае на нашите емоции и социјална интеракција

Доколку не спиете доволно, времето потрошено со вашите сакани нема да биде толку пријатно. Исто така е докажано дека луѓето кои не спијат доволно, имаат потешкотии при осеќањето на емоциите на другите луѓе.

Замислете да се случи некој ваш близок да ви соопшти некои добри вести, а вие имате проблем да изреагирате правилно. Хмм, мислиме дека е подобро да се наспиете доволно, отколку да ги разочарате вашите пријатели.

Кажете им добра ноќ на вишокот килограми со Night Burner Drink!

Комбинирано со здрава исхрана и вежбање, доброто спиење е клучно за да се остане ФИТ! Имаме перфектно решение. Night Burner Drink помага за помага за намалување на гладот во ноќта, но помага и побрзо да заспиете како и за подобар сон. Најважно од се, тој помага за прочистување на црниот дроб и топењето на масите во текот на целата вечер!

За да дознаете повеќе за производот Night Burner Drink кликнете тука!