БЕЗБЕДНО ВЕЖБАЊЕ И ИСХРАНА НА ТОПЛО ВРЕМЕ
Многу луѓе се собираат надвор на топло време за да џогираат, да планинарат, да играат кошарка или да работат во дворот. Но, кога живата расте, „лесните“ вежби стануваат огромен физички потфат, а интензивните вежби можат да бидат смртоносни. Ако системот за регулирање на температурата на вашето тело е преоптоварен, ризикувате да развиете болест поврзана со топлина. Еве што треба да направите за да се заштитите при екстремни летни горештини.
Внимавајте на времето!
Вежбањето и топлото време ја зголемуваат телесната температура. Кога ги комбинирате двете – на пример, кога трчате на топол, влажен ден – дури и искусните спортисти треба да бидат претпазливи. Вашето тело се лади со потење, но разладувањето е потешко во влажно и топло време, бидејќи потта не испарува толку брзо од вашата кожа. Отчукувањата на срцето се зголемуваат додека вашето тело работи напорно за да се смири.
Пред да ги облечете патиките за трчање или да тргнете кон кеј или Водно, погледнете ја временската прогноза. Ако температурата или влажноста се високи, намалете го интензитетот на тренингот. Вежбањето што се чувствува лесно во умерен ден, може да биде опасно интензивно во жешко, влажно попладне. Почитувајте го вашето тело и вашите ограничувања. Луѓето со покрупни тела, постарите лица, децата и оние кои не се навикнати на ригорозни вежби треба да бидат крајно претпазливи во топло време.

Облечете се соодветно
Кога вежбате на топлина, важно е што ќе облечете. Облеката со светла боја и за отстранување на пот е најдобра за топло време; темната, тешка облека може да ви направи уште потопло. Заштитните облоги или кациги исто така ја задржуваат топлината и ја зголемуваат температурата на вашето тело. Ако сакате да облечете нешто што ви одговара а не е препорачливо за топло време (темна или подебела облека), скратете го интензитетот и времетраењето на тренингот.
Носете очила за сонце што ги блокираат УВ зраците и не заборавајте на заштитата за сонце. Изберете крема за сончање отпорна на вода со минимум фактор за заштота 30 или повисок (најефективните производи на нивните етикети велат „широк спектар“ или „UVA/UVB заштита“) и нанесете ја 30 минути пред излегување. Продолжете со повторно нанесување на зашттитата од сончање во согласност со упатствата на пакувањето. Изгорениците од сонце ја намалуваат способноста на вашето тело да се излади, како и способноста за ефективен тренинг.

Хидрирајте се, хидрирајте се, хидрирајте се!
Кога времето ќе се затопли, проверете дали пиете доволно течности во текот на денот за да останете хидрирани и уживајте во храна богата со вода, вклучувајќи зелена салата, лубеница, грејпфрут, брокула и домати. Изненадувачки е лесно да се ослободите од килограми вишок вода преку потење. Измерете се пред и после тренингот и заменете го секој килограм губење на тежината со 2 до 3 чаши вода. Водата е добар избор бидејќи брзо се движи низ дигестивниот тракт и во ткивата. Ако многу се потите или вежбате повеќе од 60 минути, спортските пијалоци можат да му помогнат на вашето тело да наполни гориво и да се рехидрира поефикасно.

Знаци за претпазливост: Топлина исцрпеност и топлотен удар
Дехидратацијата е сериозна медицинска состојба. Вежбањето во топло и влажно време може брзо да ја подигне температурата на вашето тело, со што ќе бидете изложени на ризик од исцрпеност на топлина или топлотен удар.

Исцрпувањето од топлина е поблага форма на топлотна болест која може да се развие по неколку дена изложеност на високи температури и несоодветно или неурамнотежено внесување на течности.
Знаци на исцрпеност од топлина вклучуваат:
- Тешко потење
- Грчеви во мускулите
- Замор
- Слабост
- Вртоглавица
- Главоболка
- Онесвестување
- Гадење или повраќање
- Темна урина
- Ладна, влажна кожа
Пулсот може да биде бавен и слаб. Ако исцрпеноста на топлина не се третира, може да премине во топлотен удар.
Топлотниот удар е најсериозната опасност поврзана со топлина. Температурата на телото може да се искачи до 40 °С или повисока во рок од 10 до 15 минути.
Најчести симптоми од тополотен удар се:
- Сува, жешка кожа (без потење)
- Брз, слаб пулс
- Конфузија
- Температура на телото над 40 °С
- Напади
- Бесвест
Ако видите некого со какви било предупредувачки знаци на топлотен удар, јавете се веднаш на Брза Помош, а потоа разладете ја жртвата колку што можете (на пример, преместете ја/ја на засенето место или климатизирана локација или навлажнете ја нејзината/неговата кожа со сунѓер или црево).
ПОДОБРИ И ПОБРЗИ РЕЗУЛТАТИ СО TUMMYTOX!
Додадете ги следните производи за поголема ефикасност од вашите физички напори:
Fat Burner Drink Intense
Fat Burner Drink ја зголемува вашата внатрешна температура и помага да се забрза согорувањето на мастите. Содржи најчиста форма на Л-карнитин, кој гарантира дека нашето тело користи маснотии за енергија наместо да ги чува како масни наслаги. На овој начин, ние трошиме повеќе калории побрзо, а исто така се чувствуваме поенергични!

Carni MAX Shots
TummyTox Carni Max Shots, со освежителен вкус на лимон, содржи 1000 мг најефикасен извор на состојки за топење маснотии, стимулира создавањето природна енергија и дава најдобри резултати за вашите напори.
Повеќе енергија, подобра издржливост и обновување на мускулите!
