7 СОВЕТИ ЗА ЗДРАВА ТЕЖИНА ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ

Додека сте зафатени со подготовките за празниците и одење на празнични собири, периодот пред и после новата година може да биде период кога фитнесот и плановите за здрава исхрана не се на прво место.

Сезонските празници може да поттикнат прејадување, премногу седење и неактивност, како и конзумирање на храна полна со калории. Всушност, помеѓу средината на ноември и средината на јануари, возрасните во просек качуваат 0.5кг до 1кг. Ова можеби не изгледа многу, но повеќето луѓе не го губат овој дополнителен багаж подоцна. Затоа, празниците – без разлика на годишното време – може да бидат еден од најголемите придонесувачи за вашето вкупно годишно зголемување на телесната тежина.

Двојниот удар на ладно и стрес во периодов ги засега сите, дури и оние кои континуирано внимваат на својот изглед и здравје. Но, не се откажувај. Можно е да ја одржите тежината за време на празниците со одредено планирање а ние имаме неколку препораки како!

1. Балансирани оброци

Ова е периодот кога теба да уживате во храната и да уживате во омилените семејни собири кои ќе ве остават задоволни и заситени, но не прејадени. Не треба да биде натпревар за да се види кој колку може да изеде, туки да се движите со темпо, да забавите, да џвакате темелно и навистина да го вкусите вашиот вкусен оброк. Погрижете се да имате на располагање свежо овошје и зеленчук за ужина и исфрлете ги или ограничете ги задоволствата во вашата остава или кујна кои се богати со холестерол, масти, сол или шеќер.

Пред било кој оброк, обидете се прво да пиете вода. Гладот често погрешно се смета за дехидрација. Ако ви треба закуска или ужина, изберете овошје, цели зрна или исечете зеленчук како моркови или тиквички.

Погрижете се да имате на располагање свежо овошје и зеленчук.

2. Опуштање само за празнични прослави

Периодот пред и после Новата година не значи дека треба да се опуштите и да јадете што сакате и кога сакате. Обидете се да уживате во омилената празнична храна само во деновите кога всушност се празниците и обидете се да ја продолжите вашата нормална, здрава рутина на исхрана сите останати денови!

Обидете се да уживате во омилената празнична храна само во деновите кога всушност се празниците.

3. Повеќе сложени јаглехидрати

Јаглехидратите често имаат лоша репутација, но не сите се лоши. Избегнувајте преработени и рафинирани јаглехидрати, како колачиња, безалкохолни пијалоци и бел леб. Тие се познати како едноставни јаглехидрати и можат да го зголемат нивото на инсулин и да доведат до вишок килограми. Спротивно на тоа, за време на празниците барајте сложени јаглехидрати, познати и како добри или комплексни јаглехидрати. Овие се одличен извор на влакна, кои се од суштинско значење за одржување на здрави нивоа на холестерол и шеќер во крвта, како и помагање при редовно празнење на дебелото црево. Примери за сложени јаглехидрати вклучуваат тестенини и леб од интегрално тесто, интегрален ориз, овошје, зеленчук и мешунки (грашак, грав, кикирики, леќа, боранија…).

За време на празниците барајте сложени јаглехидрати, познати и како добри или комплексни јаглехидрати.

4. Не прескокнувајте оброци

Ако одите на празнична забава навечер, не правете грешка да го прескокнете појадокот или ручекот. Иако изгледа како добра стратегија да „зачувате“ некои калории за подоцна, нејадењето здрав појадок или ручек може да доведе до прејадување подоцна во текот на денот.

5. Бидете активни

Седечките активности, како што е седењето на каучот гледајќи серија, филм или спортски натпревар се вообичаени празнични традиции за многу семејства. Неактивноста може да придонесе за зголемување на телесната тежина, особено ако е придружена со прејадување.

Редовна физичка активност е многу битна за одржување на здрава тежина, но мотивацијата може да недостига кога ќе се појават празничните уживања. Клучот е да изберете и да вклучите забавни аеробни активности во нашите планови за одмор, како што се лизгање на мраз или санкање со вашето семејство. Дури и нешто едноставно како семејна прошетка може да ви го одврати умот од храната и да ви овозможи да се поврзете со вашите најблиски. Ако не сте љубител на надворешни физички активност, во денешно време има многу опции за физички активности во

6. Повеќе спиење

Адекватен сон е еден од најбитните фактори за подобро здравје и здрава тежина, често запоставен од многумина овој период од годината. Но, важно е да знаете како спиењето влијае на вашата тежина. Кога телото е уморно, има повисоки нивоа на грелин – хормонот за повеќе јадење и стрес. Кога сте недоволно одморени, тоа влијае на хормоните кои го стимулираат вашиот апетит, како и на оние кои сигнализираат ситост, па следниот ден сте погладни. Недостатокот на сон, исто така, може да го промени начинот на кој размислувате за храната, па на крајот може да имате посилна желба за помалку здрава храна.

 Не заборавајте да го вклучите времето за релаксација во вашиот напорен распоред. Луѓето кои спијат помалку од седум часа дневно внесуваат повеќе калории во текот на денот.

7. Ограничете ги висококалоричните пијалоци

Најверојатно на празничните собири ќе најдете многу сокови или алкохолни пијалоци со висока содржина на шеќер, а тие можат да додадат многу подмолни, празни калории. Консумацијата на алкохол е исто така често поврзана со зголемен апетит и е често голем виновник за зголемување на телесната тежина.

Наместо примамливи, висококалорични пијалоци пијте обична или газирана вода. Ако сакате малку повеќе вкус, исцедете лимон или лимета во неа. Во пијалоците на база на млечни производи користете млеко со малку маснотии или обезмастено. Доколку пиете алкохол, изберете една чаша вино, пиво или можеби омилениот жесток пијалок без додатоци или како коктели.

КАКО TummyTox МОЖЕ ДА ВИ ПОМОГНЕ?

Ние во TummyTox секогаш препорачуваме посебно да се внимава на исхраната во овој период бидејќи лесно можете да го саботирате досегашниот напредок и да се откажете од здравите навики доколку западнете во лоши, а тоа е многу лесно овој дел од годината!

Доколку ви треба нешто што ќе ви помогне да се намали апетитот, задржи здравата тежина или да се забрзаат резултатите, подобри сонот и општо да ви се подобри здравјето и расположението ви ги препорачуваме нашите следни производи:

Slim Tummy Caps

Капсули кои го забрзуваат топењењто, намалуваат чувството на глад и се грижат вашиот стомак да е повторно рамен.

Капсулите Slim Tummy Caps ќе се погрижат побрзо да стигнете до тенка линија без откажување!

Кликни ТУКА да дознаеш повеќе за производот!

Night Burner Drink Intense

Вкусен пијалок кој помага во забрзување на согорувањето на мастите и го подобрува спиењето.
Вкусен пијалок кој помага да се потисне вечерниот глад, ви овозможува да се опуштите и да стопите килограми додека спиете!

  • Ги спречува калориите да се претвораат во маснотии
  • Го поддржува вашиот главен орган што гори маснотии – црниот дроб
  • Го намалува вечерниот апетит – ви помага да се опуштите и да спиете мирно
  • Не содржи стимуланси за нарушување на вашиот сон

Кликни ТУКА да дознаеш повеќе за производот!

My Skinny Tea

Чајот “ My Skinny Tea” го забрзува процесот на топење на масните наслаги на начин што го забрзува метаболизмот.

Избраната мешавина на состојки спречува формирање на вишок маснотии. Бидејќи токсините кои остануваат во организмот често се виновници за неуспешно слабеење, овој чај ја стимулира нивната екскреција.

Кликни ТУКА да дознаеш повеќе за производот!

Draining Drink Intense

Вкусен пијалок кој помага да се намали вишокот вода во вашето тело и помага да се ослободите од надуеност.

Овој производ е посебно корисен за овој период кога прејадување и надуеност се случува многу често!

Кликни ТУКА да дознаеш повеќе за производот!