НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ!

ВЕЖБАЊЕТО НА ОТВОРЕНО ИМА ОГРОМНИ ПРЕДНОСТИ!

Зимските месеци ги исцрпуваат нашите умови и тела и предизвикуваат да се чувствуваме ограничени на теретана за нашите секојдневни тренинзи.

Но, сега со новите мерки за затворање на фитнес студијата и кога сончевата сезона е тука, време е да се одморите од застоениот воздух во теретаните и студијата и да излезете надвор за неопходниот витамин Д и чистиот воздух. Вежбањето на отворено има многу придобивки за физичкото и менталното здравје што ќе го подобрат квалитетот на вашиот тренинг и целокупната благосостојба на вашето тело, подолу можете да прочитате 8 од нив.

1. Чист воздух

Високото ниво на кислород ја подобрува речиси секоја хемиска реакција во вашето тело. Истражувањата покажуваат дека поминувањето време на чист воздух, опкружени со природата, ја зголемува енергијата кај 90% од луѓето. “Природата е гориво за душата” вели Ричард Рајан, научник и професор на универзитот во Рочестер. Најчесто кога се осеќаме истрошени, посегнуваме по шолја кафе, но истражувањата покажуваат дека подобар извор на енергија е практикување на физичката активност во надворешни услови.

2. Со вежбањето надвор се горат повеќе калории

Кога тренирате во теретана или трчате на трака, вашето тело не мора да се бори против надворешните услови. Површините се мазни и вештачки изработени и не треба да се трудите напорно за да се борите против нив. Кога тренирате надвор, имате додадени елементи на отпор како ветер и топлина од сонцето, како и нерамен терен на кој треба да се прилагодите. Истражувањата велат дека можете да согорите до 10% повеќе калории од вашата редовна сесија во теретана.

Ако е особено ладно, едноставно порамнете се со основен слој и пар хеланки за трчање за да бидете загреани за тренингот!

3. Тренинг на отворено го зголемува ендорфинот и енергијата

Дали знаевте дека зборот „ендорфин“ е всушност составен збор кој ги комбинира термините „ендогени“ и „морфиум“? Ако нешто е ендогено, тоа едноставно значи дека е направено во рамките на телото. Значи, ендорфините се во основа еден вид морфиум направен од нашето тело. Тоа објаснува зошто тие прават да се чувствуваме толку добро! Ендорфините се природни ослободувачи на болка и прават да се чувствуваме среќни, исто како морфиумот. Тренингот на отворено е поврзан со повисоки нивоа на овие хемикалии за „пријатни чувства“ што се произведуваат во телото. Според една студија објавена во „ The Environmental Science & Technology Journal “, само 5 минути поминати вежбајќи надвор на отворен зелен простор се доволни за значително да го подигнете расположението.

4. Тренинг на отворено може да ја подобри густината на коските

Најдобар извор на витамин Д е сончевата светлина. Всушност, постои еден вид на витамин Д што можеме да го добиеме само преку сончева светлина и не може да го произведува организмот или да се апсорбира преку храната. Витаминот Д е неопходен за нашето тело да апсорбира калциум и исто така го подобрува вашето расположение. Недостаток на витамин Д е една од причините што многу луѓе страдаат од сезонско афективно нарушување во зима.

Според препораките на Националното друштво за остеопороза, треба да се обидеме да добиеме најмалку 10 минути изложување на сонце на гола кожа еднаш или двапати на ден. Дури и ако е облачно, вашето тело сепак може да добие витамин Д од сончева светлина; потребно е само малку повеќе време.

5. Вежбањето на отворено ви заштедува пари

Со тренинг на отворено, вие си овозможувате да тренирате бесплатно. Не ви треба скапа опрема за да направите добар тренинг, или пак, не ви треба никаква опрема! Едноставно користете клупи во паркови, дрва, шипки или други природни работи со цел да го завршите тренингот. Само проверете дали имате соодветна облека за фитнес за да бидете удобни и заштитени од надворешните услови.

6. Можете да станете покреативни

Направете вежбање повторно да биде забавно, предизвикувајќи се да го истражите вашето локално игралиште со опрема за вежбање. Без разлика дали правите пад на клупа за трицепс или подигнување на шипки, ќе бидете подготвени да го менувате тренингот според локацијата секој ден отколку во вашата монотона рутина, во затворена теретана. Конструкции како што се клупи за паркови, маси за излети, скали, дрвја, ридови, како и стази за трчање може да се користат како реквизити за подобрување на тренингот.

7. Го зголемува нивото на енергија.

Спортските сали можат да бидат темни, но сонцето го подигнува нивото на серотонин, што пак ја зголемува вашата енергија и ви помага да останете смирени и фокусирани. Колку повеќе сте фокусирани на тренингот, толку подобри се резултатите! Аеробните вежби, како што се трчање и возење велосипед, се попријатни надвор, бидејќи можете да користите патеки низ парковите или градот. Некои луѓе сметаат дека кардио опремата е здодевна, па затоа аеробното вежбање на отворено може да биде доста мотивирачко.

8. Нема огледала

Сите сме го сториле тоа. Сме потрошиле малку повеќе време од тренингот проучувајќи ги нашите рефлексии и правејќи селфи во теретана. Но, не само што огледалата можат да го одвлекуваат вниманието, тие исто така можат да ја попречат вашата форма. Една неодамнешна студија од Институтот за рехабилитација во Чикаго сугерира дека всушност нема никаква корист од тоа да гледате кога правите повторувања. Студијата открива дека учесниците кои се гледале како прават чучњеви во огледало немаат подобра форма и се потпираат 10 проценти повеќе на нивната доминантна нога отколку учесниците без гледање во огледало. Кога вежбате надвор, ќе бидете повеќе фокусирани на тоа како се чувствувате, отколку на тоа како изгледате.

ПОДОБРЕТЕ ГИ РЕЗУЛТАТИТЕ СО ПРОИЗВОДИТЕ НА TummyTox!

Додадете ги следните производи во вашата рутина за уште поефективни и побрзи резултати!

Carni MAX Shots

TummyTox Carni Max Shots, со освежителен вкус на лимон, содржи 1000 мг најефикасен извор на состојки за топење маснотии, стимулира создавањето природна енергија и дава најдобри резултати за вашите напори.

Повеќе енергија, подобра издржливост и обновување на мускулите!

Flat Tummy Caps

Капсули кои го забрзуваат топењењто, намалуваат чувството на глад и се грижат вашиот стомак да е повторно рамен.

Капсулите Flat Tummy Caps ќе се погрижат побрзо да стигнете до тенка линија без откажување!

Shape Me Shake

Превкусиот протеин од сурутка Shape Me Shake ќе ви помогне да ги зајакнете мускулите и подобрите напорите, но во исто време и да ги намалите мастите во телото. Едноставно е “Must-have” за секој кој вежба и има физички цели!

Без додаден шеќер, со висока содржина на хранливи влакна, брзи и бавно сварливи протеини и високо квалитетни состојки за слабеење, проверете дали за кратко време ќе ги постигнете посакуваните резултати.